Искусниот чувар на мрежата Златко Даскалоски и еден од играчите со најголем стаж во екипата на Голден Арт, Давид Даев и следната година ќе бидат дел од клубот.
Давид Даев кој е дел од Голден Арт од самото формирање, последните години се профилира во стандарден член и важен дел од тимот, како во одбрана, така и во напад. 22-годишниот Даев потпиша договор со клубот со важност на две години.
Златко Даскалоски, поранешниот чувар на мрежата на националниот тим, покрај главната задача во улога на чувар на мрежата е задолжен и за работа со голманите. Тој се договори со клубот за соработка во период од една година, до следниот јуни 2024 година.
Голден Арт претходно ги обнови договорите со Милошески, Шилегов, Дрпљанин и Миланов, а во планот и стратегијата на клубот е префрлување на добар дел од играчите од шампионската генерација во младинска конкуренција, во сениорскиот тим.