Македонија поразена и од Кипар!

83

По поразот вчера од Молдавија, денеска нашата тениска селекција е поразена и од Кипар во третиот меч во третата зона во Дејвис купот. Поразени сме во двата сингл меча, знали губиме со 0:2, па така дуелот во двојки нема да промени ништо во поглед на резултатот. Ова значи дека Македонија останува во третата зона.

На првиот сингл меч со Кипар, утринава во Ларнака, Хусеиновиќ загуби од Христодулу со 0:2 (1:6 и 2:6). Потоа во вториот натпревар загуби и Марковски од Ефстатиу со 0:2 (1:6 и 2:6).

Инаку познато е дека поради повреда вчера и денеска за Македонија не настапи нашиот најдобар тенисер Калин Ивановски.

ПретходноМЃП донесе искусно крило од Бугарија
СледноЛозари пред споменикот на 12 стрелани младинци од Ваташа: Никогаш да не се заборави