Пропаднаа преговорите меѓу Јулијан Нагелсман и Пари Сен Жермен, јавува „Екип“. Се чинеше дека се ќе биде договорено и Германецот ќе седне на клупата на парискиот гигант по отказот на Кристоф Галтиер, сепак, тоа нема да се случи.
Двете страни не се договориле околу клучни точки, па ПСЖ ќе бара ново тренерско решение. Претходно Нагелсман не се договори со Тотенхем, а е без работа од март оваа година кога доби отказ од Баерн.
🚨⛔️ Julian Nagelsmann won’t become new Paris Saint-Germain head coach, negotiations are now OFF.
Mutual decision made as Nagelsmann and PSG didn’t agree on key details, as L’Equipe first reported.
PSG are already in direct contact with another coach. pic.twitter.com/9srYVBSQmN
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) June 16, 2023