Италијанска легенда презема тим од Серија Б

395

Легендарниот италијански дефанзивец Алесандро Неста официјално е претставен како тренер на Реџана, кој избори промоција во Серија Б и така следната сезона ќе игра во втората лига на италијанскиот фудбал.
На тој начин, поранешниот фудбалер на Лацио и Милан се враќа на тренерската работа по двегодишна пауза, а договорот со Реџана му е за една сезона. Пред тоа Неста беше тренер на ФК Мајами, Перуџа и Фрозиноне меѓу 2015 и 2021 година.
После Фрозиноне седев дома, добив повици но не се вратив на тренерската работа. Сепак, овој предлог на Реџана беше интересен и дојде од клуб со многу историја. Мислам дека ова е одлична можност за мене и не дозволив да ја пропуштам. Ми недостига адреналинот на теренот и силната конкуренција. Реџо Емилија е област која ја запознав благодарение на Карло Анчелоти. Тој и јас разговаравме и ми рече да се подрудам добро и да не оставам лош впечаток. Тој ме тренираше долги годни и неговата најголема лекција е да бидеш свој“, изјави Неста.

ПретходноОдбојкарите најавија – ќе им вратиме на Украинците
СледноФ4 – ЛШ: Барса ја брани круната, ПСЖ, Келце и Магдебург ја напаѓаат!