За овој викенд закажана е финалната разврска во ракометната Лига на Шампиони, и тоа во Келн во познатата “Ланксес Арена“.
Барса во Келн ќе ја брани круната, ќе го брани тронот кој што беше освоен лани, додека ПСЖ, Келце и Магдебург ќе го напаѓаат.
Некогаш, не така одамна кога се играше Ф4 во Келн, сите ние благодарение на Вардар бевме барем со мислите таму, но сега тоа е само едно убаво сеќавање. Вардар не е веќе оној од 2017 и 2019 кога доминираше со ракометна Европа.
Денеска се играат полуфиналињата, а во првото од 15:15 часот се среќаваат Магдебург и Барселона, додека во второто, кое се игра во 18 часот се среќаваат вечните ривали ПСЖ и Келце.
Рековме веќе, Барса ќе ја брани круната, а посебно ПСЖ со Раул како тренер по којзнае по кој пат ќе се обиде да дојде до историја. Премногу потрошени милиони евра, голема надежи, но никако “светците“досега не успеваа да дојдат до престолот. Којзнае, можеби оваа 2023 година и овој Ф4 ќе им се посреќи.
Барса како и секогаш е фаворит, и како клуб, и како тим знае како треба, па затоа е и европски првак.
Келце со сите свои проблеми кои што ги има се надева на нова титула, по онаа од 2016 година.
Додека Магдебург, некогашен европски првак но не и во овој формат како единствен германски клуб ќе ја има поддршката од трибините во Келн.
Во секој случај ќе биде интересни, време е за врвен ракомет, па сите да уживаме во мајсториите на најдобрите во европскиот ракомет.
ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА – ПОЛУФИНАЛЕ
МАГДЕБУРГ – БАРСЕЛОНА (15:15 Ч)
ПСЖ – КЕЛЦЕ (18:00 Ч)