Како што и се очекуваше, Англија – Македонија ќе играат пред полни трибини или пред 74.000 гледачи колкав е капацитетот на “Олд Трафорд“, вториот по големина стадион во Англија по “Вембли“. Од Манчестер пристигна веста дека сите билети за овој дуел се продадени и дека тоа ќе биде уште една голема фудбалска фешта.
Да потсетиме дека Македонија вчера на свој терен загуби од Украина, но Македонија досега на своите две гостувања во Англија, нема пораз. Да се надеваме дека така ќе биде и сега. Мечот се игра ви понеделник од 20:45 часот во рамките на 4.коло во квалификациската група-Ц за пласман на ЕВРО 2024.