Арсенал инсистира да се намали трансферната цена на Каи Хаверц, доколку Челзи сака да го продаде напаѓачот. „Топчиите“ се заинтересирани за потписот на Гермнанецот, но немаат намера да ја платат сумата од 70 милиони фунти која Челзи ја бара за него.
Челзи мора да се ослободува од дел од фудбалерите од ростерот за да ги испочитува финансиските фер-плеј прописи. Арсенал се надева дека ова ќе ги принуди „сините“ да се согласат на попуст и да го продадат Хаверц за 60 милиони фунти. Самиот фудбалер веќе ги известил клупските газди за желбата да си замине.
Арсенал е подготвен да му исплаќа плата слична на онаа која Хаверц ја добива во Челзи – околу 220 илјади фунти неделно.