Шведска ќе се кандидира за домаќин на ЗОИ 2030

44

Шведскиот олимписки комитет има намера да се кандидира за домаќин на Зимските олимписки игри во 2030 година, откако четиримесечната физибилити студија покажа интерес за организација на Игрите во Стокхолм.

Шведска осумпати неуспешно се кандидираше за Зимските игри, вклучувајќи го и изданието во 2026 година кое им беше доделено на Милано и Кортина д’Ампецо. Стокхолм ги организираше Летните олимписки игри во 1912 година.

„Нашата прелиминарна студија покажува дека Шведска има можност, знаење и волја да ги организира Зимските игри во 2030 година“, се вели во изјавата на претседателот на Шведскиот олимписки комитет, Ханс фон Утман .

Меѓународниот олимписки комитет првично требаше да го објави домаќинот во 2030 година на својот годишен состанок во Мумбаи оваа година, но ја одложи својата одлука до Игрите во Париз во 2024 година, поради загриженоста за климатските промени.

ПретходноЕвро-квалификации: Португалија ја преслуша Босна, Лукаку донесе реми за Белгија (ВИДЕО)
СледноЛазарови уживаат во врвниот ракомет!