Евро-квалификации: Португалија ја преслуша Босна, Лукаку донесе реми за Белгија (ВИДЕО)

321

Португалија ја оствари и третата победа во квалификациите за ЕП 2024 откако вечерва во Лисабон со убедливи 3:0 славеше над Босна и Херцеговина. Домашните на крајот и лесно дојдоа до победата, иако БиХ имаше одлична шанса на 0:0 преку Џеко да дојде до водство.

Веднаш по ова промашување, Португалците преку Бернардо Силва поведоа со 1:0, а во второто полувреме со двата гола на Бруно Фернандеш ја запечатија новата победа во групата „Ј“. Во оваа група вредна победа обезбеди словачка, која со 2:1 славеше на гости кај Исланд.

Во второто вечерашно дерби, Белгија и Австрија одиграа 1:1. Во меч во кој домашните беа подобри, на крајот немаа среќа да се радуваат на победа. Австрија поведе со голот на Грегорич (21’), а Лукаку успеа во 61. минута да донесе реми за својата селекција, кој остана и по ова коло зад Австрија на врвот на табелата.

Албанија и Чешка обезбедија сигурни победи во групата „Е“. Албанците со два гола во второто полувреме ја совладаа Молдавија (2:0), додека Чешка беше убедлива кај Фарските Оствори (0:3).

ПретходноАрсенал не дава повеќе од 60 милиони за Хаверц
СледноШведска ќе се кандидира за домаќин на ЗОИ 2030