Анид Абази пред промоција во Гостивар!

272

Како што дознаваме, Гостивар се засили со младиот и одличен офанзивец Анид Абази (20). Потпишан е едногодишен договор со повратникот во фудбалската елита на Македонија, наскоро се очекува и промоцоја.

Да кажеме дека Абази доаѓа од Скопје, во редовите на “пиратите“ важеше за еден од најдобртите играчи, стрелец на голот во победа над Шкупи на Чаир па токму затоа беше прогласен и за играч на колото.

Секако дека ова е големо засилување за гостиварци.

Инаку Абази е дете на Шкупи, потоа играше за Скопје а во следната сезона ќе го носи дресот на Гостивар.

ПретходноМАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНИЈА – ечи во Манчестер: “Фалангата“ во елемент во фан – зоната! (ФОТО + ВИДЕО)
Следно„Фалангата“ не купува шал со „НОРТ“ за дуелот со Англија!