Екс-репрезентативка со порака до фудбалерите: Велеа дека место ни е во кујна, епа домаќини ајде на скара и пивце!

2483

Пораз од Англија не треба да биде изненадување за македонската јавност кога станува збор за фудбалот. Тука добро е познато, кој е кој на теренот. Но, седмуте гола во мрежата на нашиот најдобар национален тим беше причина за бројни коментари на социјалните мрежи.

А еден од нив доаѓа од поранешна македонска фудбалска репрезентативка, Афродита Салихи, која исто по поразот од Англичанките заедно со своите соиграчки беа изложени на бројни коментари.

„Е, нека видат како ни беше нас жените во Англија. ‘Ни било местото во кујна’. Ајде и вие на скаричка назад и пивце – ДОМАЌИНИ“, им напиша Салихи на фудбалерите после убедливиот пораз. 

ПретходноРашфорд и Јунјатед ги решија сите детали!
СледноОва се петте можни ривали на Струга ТЛ во 1.квалификациско коло во ЛШ пред денешната ждрепка во Нион