ОФИЦИЈАЛНО: Нкунку го облече дресот на Челзи

214

Челзи денеска објави дека потпишал договор со францускиот репрезентативец Кристофер Нкунку до 30 јуни 2029 година.

Нкунку (25) досега беше член на Лајпциг, а неговиот договор со Челзи ќе важи од први јули.

Лондонскиот клуб не ја откри висината на трансферот, но британските медиуми тврдат дека Челзи на Лајпциг му платил отштета од 62 милиони евра.

„Неверојатно сум среќен. Со нетрпение очекувам да се сретнам со новите играчи и тренерот, се надевам дека ќе им покажам на навивачите на Челзи што можам да направам на теренот“, изјави Нкунку за официјалниот сајт на клубот.

Нкунку пристигна во Лајпциг во 2019 година од Пари Сен Жермен.

ПретходноЕ. Пелистер во елитното друштво: ЕХФ ја потврди листата од 16 екипи кои ќе играат во новата сезона од ЛШ
СледноМакедонија ќе има силен тест пред ЕП 2023: Египет, Грција и Јапонија доаѓаат на Меморијалот „Чајка“