Нејмар сака да го напушти ПСЖ по сезона во која беше на мета на навивачите, исто како и Лионел Меси.
Неофицијално за услугите на бразилскиот фудбалер заинтересирани се Манчестер Јунајтед, Челзи и Ал Хилал, но желбата на Нејмар е поинаква.
Ако се верува на информациите кои доаѓаат од странство, бразилскиот напаѓач би сакал да се врати во Барселона. Ќе биде тешко да се направи, но не и невозможно, пишува фудбалскиот портал Goal. Барселона е во тешка финансиска ситуација и нереално е да се очекува трансфер, но би била можна и позајмица.
Нејмар за Барселона одигра 186 натпревари, постигна 105 гола и асистираше на 76. Со тоа освои се што беше можно, по што за рекордна сума од 220 милиони евра замина во редовите на францускиот првак.