Нов член на тимот на Гостивар е напаѓачот Анид Абази. Досегашниот член на тимот на Скопје, а претходно и на тимот на Шкупи, се сели во Гостивар како едно од неколкуте засилувања кои во овој клуб летово ќе пристигнат. Во насока на засилувањата за претстојната ПМФЛ сезона, тимот на Гостивар се одлучи и за Абази, а секако дека ќе следуваат уште неколку нови имиња.
Гостивар летово се ослободи од неколку играчи особено во нападот,како Петковски, Христов, Велинов, Спиркоски, па нормално е да има и новитети односно замени за истите.
Спортмедиа веќе го најави трансферот на Абази во Гостивар, а во следните неколку дена се очекуваат уште неколку промоции.