Македонија познато е дека имаше два порази со гол разлика 2:10 во јунскиот квалификациски циклус за пласман на ЕВРО 2024. Пораз од Украина дома со 2:3 и пораз од Англија на гости со 0:7.
Ако е за утеха, тогаш ни останатите земји од екс – СФРЈ имаа страшно лоши резултатите.
Сите.
Се разбира само ако Хрватска не ја сметаме тука зошто таа селекција е некоја друга планета, таа играше во завршницата од Лигата на Нации.
Па така останатите земји, Словенија, Косово, Србија, БиХ, Македонија, Црбна Гора одиграа 10 меча во јунскиот квалификациски циклус, и замислете, не победија ниту еднаш.
Ова навистина е брука, невиден дебакл, а сите се фалиме дека сме фудбалски мајстори.
Катастрофа…