Во пресрет на настапите во Лигата на Шампионите, Е. Пелистер продолжува да ги засилува своите редови. Па така како што попладнево најавува српски “Моцартспорт“, Урош Борзаш, актуелен репрезентативец на Србија е пред промоција во нашиот шампион.
Борзаш е лев бек, досега играше за Елверум, а се напоменува дека трансферот во Битола е готова работа.