Милан ја одби првата понуда на англиски Њукасл за играчот за врска на „росонерите“, Сандро Тонали. Како што објавија италијански извори, Милан ја одбил почетната понуда од 55 милиони евра која стигнала во клупските канцеларии во текот на денешниот ден.
Вечерва, сепак, стигна нова информација во која се вели дека Милан добил нова, подобрена понуда од Њукасл која е во висина од 70 милиони евра и е многу блиску до оние 80 милиони кои Италијанците ги поставија како граница за заминување на Тонали.
„Страчките“ чекаат одговор од Милано, но веројатно нема лесно да се откажат и при уште еден негативен одговор.
На 23-годишниот играч за врска добил понуда од Њукасл за плата од 6,5 милиони евра годишно, плус бонуси.