Меси повторно ги налути навивачите: Пред да го напушти Париз, му кажал две реченици на Мбапе!

3693

Иако ПСЖ му понуди на Меси да остане на „Паркот на принцовите“, Аргентинецот никогаш не помислил на тоа. Навивачите никогаш не го прифатија, мислеа дека не се труди доволно и дека само дошол да ги земе парите. Нетрпеливоста дополнително кулминираше по финалето на Светското првенство во кое Аргентина ја совлада Франција. Во последните неколку кола на „Паркот на принцовите“ навивачите го навредуваа Меси, па тој едвај чекаше да му истече договорот и да се спакува за Мајами.

Многумина веруваа дека има проблем меѓу Меси и Килијан Мбапе поради егото и суетата, но се чини дека не беше така. Згора на тоа, Аргентинецот покажа дека навистина го цени младиот Французин. Француските медиуми објавија дека Меси разговарал со Мбапе неколку дена пред да замине од Париз, а тоа што му го кажал нема да им се допадне на навивачите на ПСЖ.

L’Equipe објави дека Меси му рекол на Мбапе дека повеќе би сакал да замине во Барселона, но дека треба да оди во Реал Мадрид ако веќе има можност и ако тоа е негова желба.

„Повеќе би сакал да одиш во Барселона, но ако навистина сакаш да одиш во Реал Мадрид, тогаш направи го тоа. Заслужуваш вистински проект, победнички проект“, наводно му рекол Меси на Мбапе, верувајќи дека никогаш нема да може да ги постигне своите цели во Париз.

Французинот и Реал со години јавно се сакаат. Напаѓачот на Париз пред една година беше на прагот да се пресели во кралскиот клуб, но во последен момент се предомисли и реши да остане во ПСЖ каде стана убедливо најплатениот играч во тимот. Но, очајната сезона сега може да го убеди дека е време да си замине. Мбапе има договор до следното лето и потоа може да замине како слободен играч.

ПретходноДојде како дете во Македонија Ѓ.П, а си оди со две титули!
СледноЦрна Гора убедливо им се реваншира на младинците!