Црна Гора убедливо им се реваншира на младинците!

148

Нашата машка селекција „Под 20“ години убедливо загуби од Црна Гора (91-57) во вториот контролен натпревар одигран денеска во Подгорица. На овој меч во составот не беше нашиот главен адут во играта во рекетот, Теодор Симиќ.

За разлика од првата „контрола“, на оваа не најдовме одговор за добрата игра на противникот од самиот почеток.

Црногорците рано поведоа со (12:5), а првата четвртина ја затворија со двоцифрен плус (25:13). Во исто темпо продолжија и во втората во која никако не успевавме да најдеме противигра за расположениот домашен тим, кој на полувремето имаше веќе и недостижен плус од (50:23).

Имаа Црногорците и „вишок“ од 35 поени (67:32), но до крајот на третиот период анулиравме само дел од високата негатива (42:71).

Во нашата селекција немаше ниту еден играч кој ја надмина бројката од десет и повеќе поени. Резарт Мемед реализаше девет (постигна три тројки од дветте тимски). Седум поени постигна Јовановиќ, а по шест имаа Митревски, Петков и Блажевски.

ПретходноМеси повторно ги налути навивачите: Пред да го напушти Париз, му кажал две реченици на Мбапе!
СледноШкупи тргна со победа, Трапановски двоен стрелец за триумф над Херманштад!