Голманот на француски Пари Сен Жермен, Џанлуиџи Донарума, е уште еден во низата фудбалери кои сакаат да го напуштат клубот. Споре днекои француски изданија, спортскиот директор на парижани, Луис Кампос го поддржува заминувањето на голманот, но трансферот се уште не е одобрен. Ако си замине ова лето, Италијанецот може да биде заменет со голманот на Порто, Диого Коста.
Иднината на Донарума во Пари Сен Жермен зависи од одлуките на претседателот на клубот Насер Ал-Келаифи и новиот тренер Луис Енрике.
24-годишниот италијански голман е дел од тимот на францускиот шампион од 2021 година. Минатата сезона одигра 48 натпревари.