Нашиот репрезентативен дефанзивец од следната сезона ќе игра во втората Бундеслига во Германија, и тоа во тимот на Падерборн. Како што велат нашите информации, Муслиу и неговиот менаџерски тим водат завршни преговори со овој клуб и ако се биде како што треба, остануваат само уште некои детали да се разрешат, тој во понеделник ќе стави потпис на договор со овој клуб.
Да потсетиме дека во минатата сезона еден од нашите најдобри фудбалери играше за Инголштад, во третата германска лига.
Инаку Муслиу е екс играч на Гостивар, Ренова, Сент Гален, Вардар, Приштина, Шкендија и МОЛ Фехервар.