Македонската таеквондистка Мила Рељиќ ќе се бори за бронзен медал во категоријата до 62 килограми на Европските Игри во Краков. Таа беше запрена во четвртфиналната пресметка, откако претходно успешно ја мина првата пречка, но откако беше повлечена во репасаж, успеа да слави и да избори меч за бронзен медал.
Рељиќ ја совлада Каролин Гјелсвик од Норвешка во првото коло со 2-0 во рунди, а во четвртфиналната борба беше поразена од Петра Столбова од Чешка со 2-1.
Чешката претставничка обезбеди финале, па и помогна на Рељиќ да добие шанса преку репасаж да се бори за медал. Првата борба нашата таеквондистка ја доби со 2:1 против Италијанката Гаспа, па сега останува уште клучниот меч со Британката Пауел вечерва кој може да ни донесе прв медал на Европските Игри 2023.