Луис Хамилтон и Мерцедес никако не успеваат да се договорат за новата соработка, а причина е еден детаљ од договорот кој Мерцедес не сака да го прифати. Како што пишува „Дејли Меил“, актуелниот договор на Хамилтон со Мерцедес завршува по завршувањето на сезоната 2023, но иако и Хамилтон и Мерцедес покажаа желба да ја продолжат соработката, договорот е далеку од реализација.
Во последниве недели, тимскиот шеф Тото Волф ја минимизираше сериозната природа на разговорите со Хамилтон, навестувајќи дека продолжувањето е обична формалност и дека договорот може да биде постигнат за само неколку дена. Но, откако заврши уште еден тркачки викенд сè уште нема знаци дека е постигнат договор, а весникот откри дека два моменти од преговорите засега се спорни. Прво, Хамилтон на актуелната плата од 27,5 милиони фунти годишно бара нов договор на најмалку 3 години во кој ќе бдие вклучен бонус за освојување на титула од 15 милиони фунти, сума која треба да се додаде на неговата плата како загарантиран приход.
Вториот момент е тоа што Британецот бара во договорт со анекс да биде назначен за амбасадор на брендот Мерцедес со 10-годишен договор, кој ќе ги вклучи годините и по неговото возење, откако би ја завршил кариерата. Токму овој момент е најдискутабилен и Мерцедес нема никако да го прифати.
Извештајот сугерира дека двете страни се желни да ја продолжат врската, но притисокот е врз Хамилтон да ги намали своите барања.