Познати се термините на мечевите на нашите екипи во 1.квалификациско коло во ЛШ и ЛК!

897

 

Откако во вторникот беше извршена ждрепката за 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите и Лигата на Конференции, сега веќе и дефинитивно се знаат термините на европските натпревари и на нашите екипи.

Струга ТЛ во 1.квалификациско коло во ЛШ се среќава со Жалгирис (Литванија). Првиот меч се игра во Виљнус на 11 јули и тоа на стадионот “ЛФФ“ со почеток во 18 часот. Реваншот се игра на 18 јули на СРЦ “Билјанини Извори“ во Охрид и тоа во 17 часот.

Македонија ЃП во 1.квалификациско коло во ЛК за ривал го има тимот на РФС  (Летонија). Првиот меч се игра 13 јули на стадиoнот на ФФМ во Скопје со почеток во 17:00  часот. Додека реваншот се игра на 20 јули во Летонија, на стадиoнот “Слока Јурмала“, во 17:30  часот.

Шкендија за противник го има тимот на Хаверфордвест (Велс). Првиот меч на 13 јули се игра во Скопје, на Арената “Тодор Проески“ со почеток од 20 часот. Додека реваншот во Велс, на “Кардиф Сити“ стадионот во Кардиф со почеток од 20:45 часот.

Шкупи во 1.квалификацско коло во Лигата на Конференции за ривал го доби тимот на Хегелман (Литванија). Првиот меч се игра на 13 јули во Каунас на стадионот “Дариус и Гиренас“ со почеток во 19 часот. Реваншот е закажан за 20 јули во Скопје на Арената “Тодор Проески“ со почеток во 19 часот.

Да се надеваме дека сите наши екипи ќе ги минат првите пречки во овие квалификации во ЛШ и ЛК.

ПретходноРељиќ загуби во битката за бронза: Пропуштена шанса за прв медал на ЕИ во Краков
СледноОФИЦИЈАЛНО: Кулибали е нов играч на Ал Хилал