ОФИЦИЈАЛНО: Кулибали е нов играч на Ал Хилал

219

Беше неофицијално, но од вечерва е официјално потврдено. Калиду Кулибали е нов играч на саудиски Ал Хилал.

32-годишниот сенегалски централен дефанзивец го напушта Челзи само една година по неговото доаѓање од Наполи. Тој пристигна во Лондон како замена за празнината што ја оставија Ридигер и Кристенсен… но очигледно не ги оправда очекувањата. Кулиали го напушта „Стемфорд Бриџ“ по 32 натпревари, два гола и една асистенција.

Поранешниот играч на Наполи станува второто големо засилување на Ал Хилал, кој веќе го ангажираше Рубен Невеш.

ПретходноПознати се термините на мечевите на нашите екипи во 1.квалификациско коло во ЛШ и ЛК!
СледноМеси конечно ја кажа вистинската причина поради која го напушти ПСЖ!