Се уште актуелниот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри, ја одбил и втората, подобрана понуда која до него стигнала од саудискиот клуб Ал Хилал. Како шѕо објави инсајдерот Фабрицио Романо, Саудијците се сериозни во обидите да го донесат Алегри на клупата на новиот тим во чии редови веќе обезбедија неколку европски засилувања.
Алегри ја одбил и втората пониуда од Ал Хилал без многу размислување. Според информациите, тој нема намера да си оди од Јувентус и сака да ја предводи „Старата Дама“ и следната сезона.
Романо тврди дека на 55-годишниот стратег во четвртокот му бил понуден двегодишен договор со плата од 20 милиони евра годишно. Вчера добил и нова понуда од околу 30 милиони по сезона и договор до 2026 година.