Плејмејкерот Кeфи го напушти МЗТ и замина во Полска

188

Американскиот плејмејкер на МЗТ Скопје, Мајк Кефи ја продолжи кариерата во Полска во локалниот Чарни Слупск. Кефи на стартот на минатата сезона дојде во МЗТ и требаше да биде предводник на тимот во АБА лигата. Тој одигра 52 натпревари, по 26 меча во македонското првенство и АБА лигата.
Кефи во кариерата играл во клубови од Финска, Шведска, Украина, Грција и Германија.

ПретходноПетар Панов го освои третиот турнир од снукер првенството
СледноВикарио ќе го замени Јорис на голманската позиција во Тотенхем