Поранешниот бек на НФЛ, Рајан Малет се удавил додека пливал на одмор во Мајами, објавија американските медиуми. Брза помош го однела во болница, но пред да стигне таму 35-годишникот починал. Го пронашле на песок, а се вели дека морските струи кои го одвлекле од брегот биле фатални.
Малет во НФЛ мина шесѕ години, беше избран од „Патриоти“ во третото коло на драфтот во 2011 година, а во една од најуспешните франшизи во историјата, две години беше резерва на легендарниот Том Брејди.
Тој одлучи да ја заврши својата играчка кариера во 2017 година како играч на Балтимор Равенс. За седум години од најсилната лига одигра 21 натпревар, а како стартер има три победи и пет порази. По завршувањето на играчката кариера работел како помошник тренер во средношколската екипа.