Чешките навивачи не патуваат во Баку поради строгите протоколи

115

Чешка ќе ја нема поддршката од своите фанови на утрешниот меч со Данска кој се игра во Баку. Причината за тоа се строгите протоколи за коронавирусот. Чартерите се веќе откажани.

Во Азербејџан на сила се строги мерки во борбата против коронавирусот, а, во истовреме, чешките навивачи по враќање во својата земја ќе мораат да останат во домашен карантин.

Чешките медиуми јавија дека првично интерес за патување на натпреварот во Баку покажеле околу 300 навивачи, но бројката потоа драстично се редуцирала, поради што летовите кон азербејџанската престолнина се откажани.

ПретходноИталијанците молат: Не доаѓајте, не сакаме нови смртни случаи
СледноХуан Мата го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед