Две години не е на „Камп Ноу“, но Барса се уште му исплаќа плати

779

Барселона се уште му исплаќа плати на Лионел Меси. Иако тој долго време не е во составот на Каталонците, претседателот на клубот Жоан Лапорта потврди дека Меси е на новиот список за исплати.

„Нему му се должат одложени исплати на плати кои биле договорени со претходното раководство. Плаќањата завршуваат во 2025 година. Плаќањата се вршат ригорозно и редовно“, тврди Лапорта.

И покрај тоа што овие исплати на Меси се врзани со платниот список на клубот, Лапорта тврди дека тие нема да влијаат на финансискиот фер-плеј.

Меси ја напушти Барселона во 2021 година.

ПретходноЛа Лига: Полицијата доби овластување да прекинува натпревари ако има расистички навреди
СледноВиеира е нов тренер на Стразбур