Стивен Џерард ќе му биде тренер на Дарко Велковски

359

Тимот од Саудиска Арабија, Ал Итифак, каде што настапува нашиот Дарко Велковски го назначи Стивен Џерард за нов тренер.

Англиската фудбалска легенда ја прифати енормно богатата понуда од Блискиот Исток и се сели во оној дел од светот каде што летово се преселија еден куп фудбалски звезди на чело со Карим Бензема.

Од друга страна пак нашиот репрезентативец ќе има екстра можност да учи и да работи со еден од најдобрите играчи за врска на сите времиња.

 

ПретходноЉушев и Ристов се нови членови на Кожуф
СледноНовак лесно во првото коло против Качин (ВИДЕО)