Германскиот вицешампион Борусија Дортмунд се засили со халфот Феликс Нмеча кој доаѓа од Волфсбург. Според медиумите во Германија трансферот изнесува околу 30 мииони евра со вклучени бонуси. Договорот на германскиот репрезентативец е до летото 2028 година.
„Го следам Дортмунд уште како дете. Се радувам што сум дел од него и ќе му помогнам да ги оствари целите во Бундес лигата, Купот на Германија и ЛШ. Се надевам фановите ќе бидат задоволни од мене“, изјави Нмеча.
Минатата сезона халфот одигра 32 меча на кои постигна 3 гола и запиша 6 асистенции.