Рајо го продава Столе, а на негово место доаѓа голман на Лацио

6167

Во изминатите неколку сезони македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски беше незаменлив во редовите на Рајо Ваљекано но се чини дека на приказната и дојде крајот. Интерес за него имаше одамна, но никако трансферот да се реализира.
Се чини дека ова лето тоа ќе се случи, пренесуваат шпанските медиуми.
Рајо ќе се раздели со Димитриевски, а неговото место ќе го пополни голманот на Лацио, Луис Максимилијано. Ваљекано ќе плати за Португалецот 8,5 милиони евра, а неговото доаѓање ќе значи дека Димитриевски ќе може да направи трансфер.

Се зборуваше за Реал Мадрид. „Кралевите“ се уште немаат втор голман по заминувањето на Андреј Лунин, па Димитриевски е во игра. Но не е само Реал во игра, шпанските медиуми откриваат дека уште неколку шпански клубови го сакаат македонскиот голман во своите редови.

ПретходноПокетино: Челзи е најуспешниот клуб во Англија во последните 15 години
СледноВо фудбалот ќе се воведе „правилото на Венгер“