Во фудбалот ќе се воведе „правилото на Венгер“

2410

Поранешниот тренер на Арсенал и актуелен шеф на глобалниот фудбалски развој на ФИФА, Арсен Венгер, го посочи оф-сајдот како главен проблем на ВАР и смета дека ситуацијата мора да се подобри. Тој веќе некое време зборува за ова, а сега ФИФА е блиску до воведување голема промена во играта.

„Луѓето најмногу го критикуваат ВАР поради правилото за оф-сајд. Имавме досудени оф-сајди поради дел од сантиметар или буквално поради носот. Мораме брзо да ја промениме ситуацијата. Има простор за промена на правилата. Не можеме да земеме во предвид дека носот на играчот е во недозволена положба, така што тој е во во оф-сајд и може да постигне гол со нос“, рече Венгер и додаде:

„Мој предлог е играчот да не е во оф-сајд доколку некој дел од неговото тело со кој може да постигне гол е во линија со последниот играч од противничката одбрана, дури и ако остатокот од телото на напаѓачот е пред играчот во дефанзива“.

ФИФА е подготвена да ја прифати идејата. Играчот ќе биде во дозволена ситуација ако барем мал дел од неговото тело е зад последниот играч во одбраната. Имплементација на новото правило ќе има на мечевите во Шведска, а потоа во Холандија и Италија.

ПретходноРајо го продава Столе, а на негово место доаѓа голман на Лацио
СледноИнтер размислува да земе голман на Аталанта како замена за Онана