Нејмар „дебело“ ќе плати за влегување во езеро!

4112

Властите во градот Мангаратиба на јужниот брег на Рио де Жанеиро го казниле Нејмар со 16 милиони реали (повеќе од 3,3 милиони долари) за изградба на вештачко езеро и област за капење на неговиот имот.

Според локалните обвинители, играчот не го обезбедил потребниот еколошки надзор за работата. Тој е обвинет и за „поместување на почвата“ и „уништување вегетација“.

Претходно, локални екологисти, по анонимна жалба, извршија увид во домот на Нејмар и констатираа прекршување на еколошките стандарди, вклучително и неовластено користење на водата од една од реките. Потоа решија и да ја забранат употребата на акумулацијата и просторот за капење, оградувајќи ги и лепејќи пораки, но тоа не го спречи Нејмар, по неколку дена, да објави фотографии на социјалните мрежи како се капе во езерото со прекршување на забраната. Фудбалерот сега има 20 дена да се жали на одлуката на локалните власти.

Претходно33-годишен десен бек пред портите на Вардар 1961?
СледноЛофтус-Чик во Милан го доби бројот на Тонали, следен е Фратези