Ни во Баерн, ни во Барса, уште помалку во ПСЖ или Манчестер Јунајтед, туку останува и натаму под Везув. Се разбира дека станува збор за Виктор Осимен, за кого според медиумите блиски до Наполи биле заинтересирани речиси сите големи европски клубови.
Сепак цената за отштетата, која ја одреди контроверзниот газда на шампионот, Аурелио Де Лаурентис е преголема, дури 120 милиони евра.
Веројатно гадза Аурелио го переценил Нигериецот кој имаше супере сезона во Наполи, но сепак тие пари никој не сака да ги даде за него.
И кога е така, тогаш Осимен останува во Наполи и потпишува нов договор, сегашниот му истекува во 2025 година.