Промени во календарот: Е. Пелистер во ЛШ тргнува дома против Колштад

323

Поради одредување на ТВ-календарот на натпреварите, ЕХФ денеска објави изменет распоред на натпревари за новата сезона во Лигата на шампионите. Тоа практично донесе промена во распоредот на натпреварите на нашиот шампион, Е. Пелистер.

Битолчани според новиот распоред, дебитантската сезона во ЛШ ја почнуваат на домашен терен со натпревар против норвешки Колштад на 13 или 14 септември. Потоa на (20/21 септемрви) му гостуваат на Алборг, па дома на 28 или 29 септември го пречекуваат германски Кил.

Комплетниот распоред во продолжение:

13/14 септември Е. Пелистер – Колштад

20/21 септември Алборг – Е. Пелистер

28/29 септември Е. Пелистер – Кил

11/12 октомври ПСЖ – Е. Пелистер

18/19 октомври Загреб – Е. Пелистер

25/26 октомври Е. Пелистер – Келце

15/16 ноември ПИК Сегед – Е. Пелистер

22/23 ноември Е. Пелистер – ПИК Сегед

29/30 ноември Келце – Е. Пелистер

06/07 декември Е. Пелистер – Загреб

14/15.02.2024 Е. Пелистер – ПСЖ

21/22.02.2024 Кил – Е. Пелистер

27/28.02.2024 Е. Пелистер – Алборг

06/07.03.2024 Колштад – Е. Пелистер

ПретходноПо подолго време утре ФК Вардар ќе одржи прес, стартуваше акцијата – купи членска за 1.000 денари!
СледноЈуниорките убедливо поразени и од Хрватска