Арда Гулер го одбрал Реал, Барселона „извиси“ во трката

295

Арда Гулер нема да остане во Фенербахче затоа што не го сака тоа“, потврди првиот човек на Фенербахче, Али Коч на пресконференцијата во врска со трансферот на талентираниот турски фудбалер.

Барселона и Реал Мадрид беа најсериозни за потписот на Гулер, а 18-годишниот играч место на „Ноу Камп“ ќе оди на „Сантијаго Бернабеу“. Фенербахче му е лут на фудбалерот за изборот (според Мундодепортиво). Претседателот на Фенербахче сакаше Гулер да оди во Барселона затоа што овој клуб понуди опција да го отстапи фудбалерот во турскиот клуб на уште една сезона. Барселона се договори со Фенербахче, Гулер требаше да остане да игра за „канаринците“ за сезоната 2023/24 и идното лето да се приклучи на шпанскиот шампион. Ова е поради проблемите на Барселона со финансиите и немжноста да биде регистриран во Ла Лига веднаш.

Гулер го одбрал Реал Мадрид и веднаш ќе оди на „Бернабеу“. Трансферот ќе биде завршен во наредните две-три дена. Неофицијално ќе изнесува околу 20 милиони евра.

ПретходноСензационално: Азар покрај Меси во нападот на Интер Мајами?!
СледноМел Гибсон ќе навива за Александар „Велики“ Волкановски викендов