Викендов, во Лас Вегас ќе се одржу УФЦ 290 со две борби за титула. Еден од најдобрите борци на денешницата и шампионот во перолесна категорија Александар Волкановски ќе проба да го одбрани појасот против мексиканскиот борач Хаир Родригез.
На хартија Волкановски, кој патем има македонски корени, е голем фаворит. Веќе го години доминира во перолесна каегорија. За него викендов ќе навива и еден од најголемите холивудски глумци на сите времиња.
„Добро е да се види како мојот сонародник (Австралиец) напредува. Многу го ценам, одличен е во сите аспекти на УФЦ“, изјави Мел Гибсон.
На тоа одговори и Волкановски „Велики“:
„Знам дека ќе дојде на УФЦ и мило ми е што се сеќава на мене“.