Францускиот шампион Пари Сен Жермен потпиша договор со Мануел Угарте. Парижаните победија во трката со Челзи по уругвајскиот репрезентативец кој дојде од Спортинг Лисабон. ПСЖ се согласи да ја плати откупната клаузула од 60 милиони евра, а фудбалерот потпиша петгодишен договор односно до летото 2028 година. Ќе го носи дресот со број 4.
22-годишниот фудбалер кој има осум натпревари за Уругвај, со Спортинг го освои Лига купот во 2022 година, а ова е голем чекор напред за него.










