Иако Челзи имаше подобри понуди за Кристијан Пулишиќ, сепак, американскиот фудбалер имаше желба да игра за Милан отфрлувајќи го интересот на другите клубови. На крајот „сините“ попуштија и седнаа да преговараат со Челзи и на крајот си подадоа рака.
Американецот си го истера своето и стана нов фудбалер на „росонерите“. Двете страни се договорија за сума од 22 милиони евра (20 милиони плус уште 2 милиони во форма на бонуси) со процент од наредна продажба на играчот.
Тој е третото засилување за „росонерите“ ова лето, по Рубенс Лофтус-Чик и Лука Ромеро.
CHRISTIAN PULISIC TO AC MILAN HERE WE GO pic.twitter.com/t2zltj8gqa
— USMNT Only (@usmntonly) July 7, 2023