Лани потпиша десетгодишен договор со Леванте, сега премина во ривалот Валенсија

232

Во јуни 2022 година Пепелу потпиша договор на 10 години со матичниот клуб Леванте и покрај тоа што испадна во Сегунда. Во јуни 2023 година Леванте не успеа да избори промоција во Ла Лига откако прими гол во 129 минута во финалето на плеј-офот. Леванте остана во второлигашки ранг, а денеска Пепелу го напушти клубот од детството и се пресели во градскиот ривал Валенсија.
Потег кој ги лути навивачите на Леванте, но Пепелу стави потпис на петгодишен договор со Валенсија. Неговиот претходен клуб ќе добие 5 милиони евра од трансферот плус процент од наредната продажба.
Валенсија му бетонира и откупна клаузула од 100 милиони евра.

ПретходноБонучи не застанува, негова следна дестинација – ЊУКАСЛ!
СледноБеласица се засили со Митров и Јованов