Навивачка група Комити пред неколку денови ја презентираше новата акција која има за цел да се спаси клубот од во моментов незавидната позиција, пред се финансиска.
Истата има за цел да се продадат што е можно повеќе годишни билети за следење на натпреварите на ФК Вардар со што се планира колку толку да се санира финансиската ситуација.
Со цел клубот колку толку да закрепне до агонијата во која е влезен веќе неколку години, Комитете организираа акција – Купи членска карта за Вардар до 1.000 денари.
Со таа карта се добива и сезонски билет за сите мечеви на Вардар во наредната сезона. Утрово „Комити“ информираа дека за помалку од една недела успеаја да стигнат до 1 милион денари. Акцијата продолжува, планот е да се соберат што е можно повеќе пари за достоен живот на ФК Вардар и успешни настапи во ПМФЛ во новата сезона.