Македонскиот младински репрезентативец Луан Абази и официјално потпиша професионален договор со тимот на Вил, каде што и досега настапуваше. Во следните две години Абази ќе биде дел од првата екипа откако за вториот тим постигна 44 гола и забележа 35 асистенции.
Абази е дете на тимот на Сент Гален и ја мина школата на овој тим, пред да се пресели во тимот на Вил.
Ја стартуваше својата интернационална кариера за Швајцарија, а потоа прифати да игра за Македонија. Тој е еден од напаѓачите кои ќе ја предводи нашата млада репрезентација во претстојните квалификации.