Андреј Лазаров претставен во Рудеш, каде што е тренер славниот Просинечки! (ФОТО)

982

И официјално Андреј Лазаров (23), довчерашниот играч за врска на Тиквеш, од денеска е ново име во хрватскиот прволигаш, тимот на Рудеш. Да потсетиме дека оваа екипа во новата сезона ќе игра во елитната лига на Хрватска, откако во минатата се пласираа во повисок ранг, а тренер ќе му биде на нашиот фудбалер славниот Роберт Просинечки.

Инаку Лазаров освен во Тиквеш, успешно настапуваше и во Работнички претходно, играше за младата селекција на Македонија, а ова за него е прв интернационален трансфер.

Инаку „Спортмедиа“ овој трансфер го најави уште пред три недели, кога Лазаров и го потпиша договорот со хрватскиот тим.
May be an image of 3 people, people playing soccer and text that says 'NKRUDEŠ RUMOŠ Š RUE D NK RUDEŠ S SAVA NK RUDEŠ NK RUDEŠ NK RUDEŠ Totalno drukčiji od drugih!'

ПретходноКис ја запре руската сензација за место во четвртфиналето (ВИДЕО)
СледноЗарем е можно: Во Динамо Загреб доцнеле платите, раководството на “модрите“ демантира!