Адријан Муту стана тренер на еден од најдобрите тимови во Азербејџан

261

Адријан Муту стана тренер на екипата на Нефтчи од Баку, Азербејџан.

Поранешниот играч на Фиорентина и Челзи потпишал двегодишен договор со клубот.

„Нефтчи е клубот со најголема и најсилна база на навивачи во Азербејџан. Навивачите на Нефтчи се познати во Европа по нивната лојалност и поддршка. Сигурен сум дека ќе имам добар однос со нив бидејќи на крајот на денот, што и да правиме, тоа го правиме за нашите навивачи“, изјавил Романецот.

Муту неодамна беше тренер на белгискиот Рапид 1923. Покрај тоа, тој, меѓу другото, беше и селектор репрезентацијата на Романија до 21 година.

ПретходноПелистер со ново засилување, пристигна младиот Пановски
СледноЛШ – квалификации: Браво за шампионот…Струга ТЛ “извади“ одлични 0:0 во Вилнус!