ЛШ – квалификации: Браво за шампионот…Струга ТЛ “извади“ одлични 0:0 во Вилнус!

1282

Одлично издание на Струга ТЛ во Вилнус во првиот дуел од двомечот со Жалгирис во 1.квалификациско коло во ЛШ. „Извадени“ се 0:0, одличен резултат, иако можеше да биде уште подобро ако се знае дека нашиот шампион имаше два зицера.

Вака со ова реми се ќе решава во Охрид, на реваншот кој се игра следниот вторник.

Да, Жалгирис е квалитетен состав, но Струга ТЛ дека и тоа како може да се носи со Литванците.

Инаку овој меч почна со закана кон домашниот гол уште во 1.минута, кога Радески шитираше, но без шанса да се израдуваме така рано. Струга ТЛ одлично го почна мечот, со висок пресинг, таа ги контролираше настаните на теренот и така беше се до 15.минита кога шо шутот на Хнид, голманот Ќосевски се фантастична парада спаси чист гол. Од тој момент Жалгирис наметна темпи, поголем дел од акции одеа од левата страна каде “оперираше“ Бопесу, екс фудбаклер на Скопје и Работнички. Струга ТЛ беше мирна, кога требаше да се брани тоа го правеше одлилчно, едноставно знаеше што сака.

Во 36.минута по асистенцијата на Ибраими, Шабани се најде во супер шанса, тоа беше зицер, но домашниот голман Гертмонас одлично одбрани. Во два наврати Ибраими од лево од слободен удар се закани, но безуспешно. До крајот на првиот дел се заканија и Ојевуси и Кендиш, но на пауза се замина со тие почетни 0:0.

ЛИТВАНЦИТЕ НАПАЃААТ, СТРУГА ТЛ ОДЛИЧНО СЕ БРАНИ, СУПЕР ШАНСА ЗА КОЧОСКИ

Во 48.минута Ојевуси и Кендиш урагански се закани, првиот пат Ќосевски одбрани, а вториот пат топката отиде покрај голот.

Врати Струга ТЛ повторно преку Шабани, кој повторно имаше добра можност во таа 54.минута, но сега домашната одбрана одлично интервенираше и не му дозволи на капитенот на гостите да дојде до нов зицер.

Како што одминуваше времето во второто полувреме нашиот шампион ја анулираше офанзивата на Жалгирис, а од контри опасен беше Бесарт Ибраими, но немаше поддршка во нападот за да се дојде до чиста ситуација за гол.

Во 73.минта стружани имаа многу среќа, Голубицкас прекрасно центрираше до Вихјалмсон, кој иако сам пред Ќосевски, не успеа да ја зафати таа топка. Во спротивно веројатно ќе беше гол.

И тогаш во 86.минута Кочоски имаше супер шанса нешто олдево. Штета, шутираше крајно непрецизно. Ова требаше и мораше да биде гол.

На другата страна Бопесу имаше голема шанса, но за наша среќа не успеа да го погоди голот на Ќосевски.

ФОТО: 15min.lt

1.квалификациско коло во ЛШ – прв меч

ЖАЛГИРИС (ЛИТ) – СТРУГА ТЛ (МКД) 0:0 (0:0)

ЛФФ“ стадион во Вилнус. Гледачи: 5.000. Судија: Елчин Масијев (Азербејџан). Стрелци: Картони: Горобцов (ЖАЛ), Ибраими (СТР).

ЖАЛГИРИС: Гертмонас, Павелиќ, Хнид, Викур, Бопесу, Карашима (79. Миличковиќ), Кендиш (78. Антал), Горобцов, Вербицкас (62. Голубицкас), Ојевуси, Казлаускас (46. Вихјалмсон).

СТРУГА ТЛ: Ќосевски, Незири, Кривањева, Радиќ, Згуро, Малиќи (88. Касами), Бојку, Шабани, Мазрекај (88. Таири), Ибраими (79. Кочоски), Радески (90. Јаровиќ).

ПретходноАдријан Муту стана тренер на еден од најдобрите тимови во Азербејџан
СледноЕП У-20 Б дивизија: Македонија ја РАСТУРИ Бугарија, публиката во “Кале“ во транс!