Тијаго го воодушеви фудбалскиот свет со еден потег

1121

Шпанија се пласираше во полуфиналето на ЕУРО, откако ја совлада Шпанија по изведување на пенали. По 120. минути игра беше 1-1, но пенал „рулетот“ го доби „фуријата“.

Во центарот на вниманието се најде Тијаго Алкантара, кој го воодушеви фудбалскиот свет. Тој не ја прослави победата со соиграчите туку ги тешеше играчите на Швајцарија.

Тијаго најпрво се приближи за да го утеши Варгас, а потоа отиде кај голманот Сомер кој беше навистина фантастичен на голот на репрезентацијата на Швајцарија.

Фудбалерот на Ливерпул покажа дека има големо срце и воедно како на дело изгледа фер-плејот. По овој потег не требаше да мине долго време да стане хит на социјалните мрежи.

ФОТО: Твитер/УЕФА

ПретходноДалас тргна по Мајк Конли
СледноПрвиот човек на ПСЖ има план како да го казни Мбапе