Првиот човек на ПСЖ има план како да го казни Мбапе

1365

Мбапе веќе неколку сезони е еден од најдобрите играчи на ПСЖ, но се чини дека сака нов предизвик. Овој млад напаѓач неколку пати одбива да го продолжи договорот со францускиот тим, кој пак му истекува следното лето.

ПСЖ сака Мбапе и натаму да остане нивни член, неколку пати му беше понудена нова соработка, но тој ја одбиваше.

Се појавија шпекулации дека ПСЖ поради ова би можел да го продаде, а прв на листата кој го сака е Реал Мадрид. Но, ситуацијата се промени „светците“ немаат намера да го стават на трансфер листата.

Медиумите во Франција пишуваат дека челниците на ПСЖ се лути што Мбапе го одбива новиот договор и сакаат да го казнат. Неофицијално, претседателот на клубот Насер Ал Келаифи веќе имал план.

Во новата сезона францускиот фудбалер ќе биде во составот, но секој меч ќе го гледа од трибините, нема да добие шанса без разлика колку е важен за тимот. На овој начин Мбапе ќе биде без фудбал година дена, а следното лето ќе може да си оди како слободен играч.

ПСЖ ова лето сигурно ќе можеше да заработи преку 100 милиони евра од неговата продажба, но се чини на првиот човек на клубот парите не му се важни, во овој момент сака да го казни најдобриот фудбалер.

Мбапе во ПСЖ пристигна во 2017 година од Монако за 145 милиони евра и се покажа како вистински засилување. Во дресот на тимот одигра 171 натпревар и постигна 132 гола и 61 асистенција.

ПретходноТијаго го воодушеви фудбалскиот свет со еден потег
СледноБрутален старт на Жезус, со копачка го удри во лице (ВИДЕО)