Каиседо признава: Не можам да му кажам не на Челзи

182

Играчот од средниот ред на Брајтон, Моисес Каиседо, призна дека не може да ја одбие понудата да игра за Челзи следната сезона, а која е пристигната на негова адреса. Уште во јануари клубот од Стемфорд Бриџ беше заинтересиран, а Арсенал упати две понуди до Брајтон, кои беа одбиени. Подоцна Каиседо дури потпиша нов договор со „Галебите“, кои поради тоа се во силна позиција и бараат да се испочитува откупната клаузула од 100 милиони фунти. Челзи се обидува да ја намали цената и да го земе играчот за околу 85 милиони. Преговорите се во тек, а Каиседо во меѓувреме ќе ги започне предсезонските тренинзи со Брајтон. Интересно, за точно десет дена двата тима ќе се сретнат во Филаделфија на пријателски натпревар.

„Точно е дека ова е голем тим. Не можам да кажам не бидејќи ова е многу голем, историски, прекрасен тим. Градот е исто така прекрасен“, изјави Каиседо за TC Deportes на прашањето за неговиот потенцијален трансфер во Челзи.

ПретходноГандо Биала во Работнички до 2025! (ФОТО)
СледноГо платија Роналдо 600 милиони евра а се брукаат за 460.000 евра!